Home Strugë Никола Кутаноски го фати Крстот во Струга

Никола Кутаноски го фати Крстот во Струга

Во Струга се слави големиот христијански празник Богојавление Водици.

Свеченоста на спуштањето на Светиот Крст во водите на реката Црн Дрим се одржа пред малку.

Крстот  оваа година го фати Никола Кутаноски од Радожда.

Среќниот фаќач на светиот крст беше  даруван со пригодни подароци од годинашниот кум на манифестацијата, од градоначалникот Рамис Мерко  и спонзорите на манифестацијата.

Кумови оваа година се Стефчо и Томче Голабоски, а следната година кум ќе биде Марјан Ќушкоски.

Exit mobile version