Home Maqedoni Нема потреба од отворање на модуларните болници

Нема потреба од отворање на модуларните болници

Модуларните болници засега нема да бидат активирани за хоспитализација на болни иако секојдневно има четирицифрени бројки на новодијагностицирани. 

Министерот за здравство уверува дека засега слободни места има со отворање на ковид центрите на кожно и неврологија. иако неофицијално проблем е и недостатокот на кадар поради стотици заразени медицински лица. 

-Да има заразени, меѓутоа ние имаме акционен план подготвено. На ниво на држава се трудиме пациентите да ги згрижиме на ниво на болниците и засега нема потреба од модуларните, изјави Беким Сали министер за здравство.

Инаку и при денешната наша проверка во три болници во внатрешноста, повеќе од 100 здравствени работници поради зараза или изолација отсуствуваат од работа и тоа го отежнува процесот на лекување.

Во охридската болница имаат голем притисок во амбулантите а на истото се пожалија и од Битола. Во Куманово, пак, од 55 хоспитализирани – 40 се на кислородна поддршка.

Инаку според анализите од Институтот за јавно здравје, во земјата во 90 проценти од случаите е присутен омикрон а кај десет делта сојот кој дава потешка клиничка слика.

Exit mobile version