Home Maqedoni Нема договор за минималната плата – Владата ќе прави нови пресметки во...

Нема договор за минималната плата – Владата ќе прави нови пресметки во понеделник

Нема договор за минималната плата. И денешната двоипол часовна средба на социјалните партнери заврши без успех. Синдикалците револтирани излегоа од состанокот, велат нема волја за договор.

Според работодавачите, нивната нова методологија која ја предложи на претходниот состанок во средата носи долгорочно решение за проблемот со миниланата плата затоа што тоа прашање не треба да се решава од денеска за утре.

Владата лани пред изборите ветуваше минималец од 18.000 денарио, а сега во својство на медијатор меѓу синдикатот и работодавачите најавува дека в понеделник ќе го разгледа предлогот за субвенционирање на работодавачите кои не можат да исплатат минималец од 18.000. Но, таквото решение ќе го зголеми јавниот долг. Вицепремиерот Битиќи ги повика двете страни да го продолжат дијалогот за наоѓање решение.

ССМ сега се надева на пратениците. На 10 02 на дневен ред е законот за минимална плата. Тогаш синдикалците ќе излезат на протест пред Собрание. Ако законот не добие парламанетарна поддршка, ќе стапат во штрајк и ќе блокираат фабрики.

Exit mobile version