Home Botë Невладини организации ја критикуваат ЕУ за односот кон бегалците 

Невладини организации ја критикуваат ЕУ за односот кон бегалците 

Најмалку 2,3 милиони украински граѓани ја напуштија својата земја во некоја од членките на ЕУ. Но, топлината што ја покажаа кон нив, на светот му откри двојни стандарди. Додека бегалците од Блискиот Исток со години бараат опасни алтернативни патишта кон Европа, соочени со полициска бруталност и организиран криминал, ЕУ покажува поинаков пристап кон украинските бегалци, велат хуманитарните активисти. Јасмин Реџепи од Здружението „Легис“ вели дека таков пристап се покажува и со процедурите за азил.

Според Реџепи, ист ваков пристап има и С. Македонија.

Огромното мнозинство украински бегалци се во Полска, додека околу 200.000 влегоа во Унгарија. Во другите земји на ЕУ како Словачка, Романија и Германија има помалку. Околу 100.000 преминаа во Русија и речиси исто толку во Молдавија.

Exit mobile version