Home Maqedoni НА ГП Табановце за влез во државата се чека околу еден час

НА ГП Табановце за влез во државата се чека околу еден час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу еден час. На ГП Богородица времето на чекање за излез од државата е од 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –

Делчево.

Exit mobile version