16 C
Struga
Wednesday, April 24, 2024
spot_img

НАТО одржува големи воени вежби на северот на Европа, учествуваат 150 авиони

Големи воени вежби во кои учествуваат околу 150 борбени авиони од западните земји, вклучително и САД, Обединетото Кралство и Франција, започнаа во Финска, Шведска и Норвешка, објавија финските воздухопловни сили.

Во споменатите земји, кои граничат со Русија, маневрите треба да траат речиси две недели, најави Финска, новата членка на НАТО, која ја предводи операцијата „Арктички предизвик“.

Приклучувајќи се кон НАТО на почетокот на април, оваа нордиска земја стави крај на децениската присилна неутралност, како и военото неврзување откако Москва ја нападна Украина. Нордиските земји од 2013 година на секои две години организираат воени вежби наречени „Арктички предизвик“.

Во нив оваа година учествуваат 14 нации (12 членки на НАТО, Шведска која е во процес на приклучување и Швајцарија). Вежбите треба да завршат на 9 јуни, а во нив учествуваат Ф-35 од САД и неколку европски земји, француските Рафал и Мираж, данските и холандските Ф-16, финските и швајцарските Ф-18 и шведските Грипен.

Авионите ќе бидат стационирани во северна Норвешка, Шведска и Финска, како и во финската база Пиркала-Тампере. Одржувањето на воената вежба се совпаѓа со состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО, кој оваа недела се одржува во Осло, како и со посетата на американскиот министер за надворешни работи, Антони Блинкен, на Финска во четврток и петок.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles