Home Botë НАТО: Војната во Украина би можело да трае со години

НАТО: Војната во Украина би можело да трае со години

Западот мора да се подготви да продолжи да ја поддржува Украина во војна која може да трае со години, предупреди шефот на НАТО. Јенс Столтенберг вели дека цената на војната е висока, но цената да ѝ се дозволи на Русија да ги оствари своите воени цели е уште поголема.

„Ние мораме да се подготвиме за фактот дека може да трае со години. Не смееме да попуштиме во поддршката за Украина. Дури и ако цената е висока, не само за воената поддршка, туку и за растечките цени на енергенсите и храната“, кажа Столтенберг во интервју за германски  „Билд

Завојавните страни најжесотките битки ги водат во регионот Донбас, од кој голем дел сега е под руска контрола. Според Шефот на НАТО , снабдувањето на Украина со помодерно оружје ќе ги зголеми нејзините шанси да биде способна да го ослободи регионот Донбас .  Офанзивата во источна Уккаина се одвива успешно изјави Портолорот на Руското министерство за одбрана додека украиснкаа војска  доби нова воена   помош од САД. Станува збор за 1.400 рачни противвоздушни ракети од типот Singer и 6.500 рачни противоклопни ракети од типот Javelin.

Втор круг од парламентарните избори во Франција . Борбата се води  помегу коалцијата  ЗАедно на шефот на државата Макрон и левиот блок предводен  од Жан Лук Меланшон кои се рамо до рамо по првиот круг на 12 јуни . За денешните резултите е клучна излезноста на гласачите.  Во првиот круг на гласање излегоа  само 47,5 од гласачите, што е рекордно ниска излезнсот.

 Анкетите предвидуваат дека таборот ЗАедно  ќе заврши со најголем број места во 577 члениот Парламент,но е сигурно дали ќе го достигне прагот од 289 за апсолутно мнзоинство. Емануел Макрон, кој неодамна беше реизбран за претседател, предупреди на политички хаос доколку неговата коалиција постигне само релативно мнозинство. Анкетите, исто така, покажуваат дека екстремната десница  на МАрин Ле Пен веројатно ќе го постигне својот најголем парламентарен успех во последните децении. Право на глас имаат околу 48,5 милиони граѓани.

Exit mobile version