Home Maqedoni Намален интерес за вакцинација и покрај новиот силен бран

Намален интерес за вакцинација и покрај новиот силен бран

Бројките на ново инфицирани со корона вирус во струмичко повторно бележат пораст, а интересот за вакцинација опаѓа. За разлика од летниот период кога граѓаните чекаа во колони за да стасаат до вакцина, сега интересот е опаднат за неколку пати. Ако пред неколку месеци на пунктот за вакцинација дневно се аплицираа и до 900 дози, последниoт период таа бројка се движи помеѓу сто до двесте. Најголем пад на процентот е забележан кај првата доза.

Од здравствениот дом во Струмица потенцираат дека вакцината има големо значење во борбата со вирусот и затоа повторно апелираат до граѓаните кои се уште не се вакцинирани да го направат тоа.

Од почетокот на имунизацијата на пунктот во Струмица биле аплицирани вкупно 55462 дози на вакцина. Од нив 27 058 прва доза, 25526 втора, а над 2800 граѓани веќе примиле и трета доза.

Exit mobile version