Home Maqedoni Над 60% раст на бројот на болни од грип, ќе влијае ли...

Над 60% раст на бројот на болни од грип, ќе влијае ли состојбата на стартот на второто полугодие


И млади и стари погодени од сезонскиот вирус. Бројките на заболени рапидно растат и само за една недела има 1346 пријавени што е дури за 64 проценти повеќе од минатата недела. Дебар, Крушево и Ресен се градовите со најмногу грипосани а во општини од истокот пак нема ниту еден регистриран.

Болницата во Козле и Клиниката за детски болести се полни со пациенти меѓу кои и потврдени случаи на грип. Повозрасните, пак, завршуваат на Инфективна.

Оваа сезона бројката на заболени со грип е над 3000, од кои дури 70 проценти се во првите две недели од јануари. Од Институтот за јавно здравје информираат дека во земјата  има широка географска распространетост и висок интензитет на активноста на вирусот и тоа само три дена пред старот на второто полугодие во училиштата.

Досега битката со вирусот ја изгубиле тројца пациенти кои имале коморбидитети и не биле вакцинирани.

Лекарите постојано апелираат дека лицата со хронични болести треба да бидат имунизирани. Досега над 54.000 граѓани примиле од бесплатните вакцини а околу 2600 од комерцијалните чија доза е 800 денари.

Exit mobile version