10 C
Struga
Thursday, April 25, 2024
spot_img

Награда за животно дело на струшкиот новинар Наум Бајо

Наум Бајо, новинар и писател. Автор на романите „Црвените птици над Рим“, „Часовник од цвеќе“, „Камено срце“, „Воз за Србија“-драма, збирка раскази „Живот“ и книгата „Новинарот нула тринаесет“ е годинешен добитник на наградата „Петковиот аманет“, која се доделува за животно дело од страна на Меѓународната книжевна манифестација „Струшки книжевни средби“, која ова година беа исцело посветени на покојниот Петко Шипинкаровски, кој беше основач и претседател на Културниот центар „Бран“ од Струга и на манифестацијата „Струшки книжевни средби“ и главен и одговорен уредник на Ревијата „Бранувања“.

Наградата „Петковиот аманет“ се доделува по прв пат по повод излегувањето на јубилејниот 20 број на списанието за литература, култура и уметност „Бранувања“, а кое што наградениот Наум Бајо, покрај Петко Шипинкаровски тој е еден од основачите на Здружението за литература, култура и уметност „Бран“ и еден од првите уредници на списанието „Бранувања“.

Наум Бајо е македонски новинар-дописник од Струга за првиот македонски дневен весник на македонски јазик „Нова Македонија“ а еден период и како уредник во Нова Македонија, роден 30 април 1943 година во Долна Белица, Струга.

Наградата за „Животно дело“ му беше врачена на свечен начин од страна на сопругата на Петко, Крста Шипинкароска, на истакнатиот струшки новинар, кој пишувал за „Нова Македеноја“, за време на промоцијата на јубилејното 20 издание на списанието „Бранувања“.

По приемот на наградата, Наум Бајо рече дека пријатно сум изненаден и горд на оваа највисока награда, „Петковиот аманет“ за 2022 година. Иако сум пензионер јас и понатака ќе пишувам.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles