Home Maqedoni МТСП: На крајот на годината, во просек буџетот на пензионерите ќе биде...

МТСП: На крајот на годината, во просек буџетот на пензионерите ќе биде поголем за околу 12.000 денари 

„Новата методологија со усвојувањето на измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување овозможува постојан раст на пензиите. Целта на оваа Влада е системско решавање на растот на пензиите, “ рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во интервју за Радио Слободна Европа.

Новата методологија на пензиите предвидува  усогласување со 50 проценти од порастот на трошоците на живот и 50 проценти од порастот на просечната плата, два пати годишно, во март и во септември,  согласно податоците за порастот на просечната плата од страна на Државниот Завод за статистика кои се објавуваат во март и во втората половина на август.

„Ако ја земеме просечна пензија која во моментот е 16.300, со новото усогласување во септември овие пензионери ќе имаат дополнително во својот буџет уште 900 денари. Дополнително на ова со исплата на пензиите за месеците март, април и мај, 330 илјади пензионери во државата ќе земаат дополнително по 1000 денари за да можат да ги купат основните прехранбени производи и за да можат да имаат повеќе буџет во своето семејство. Во периодот, декември 2021 до декември 2022 година, пензионер кој што зема просечна пензија ќе има дополнително 1500 денари зголемена пензија, а буџетот на крајот на годината, на секој пензионер којшто има просечна пензија ќе му биде зголемен за околу 12 илјади денари,“ подвлече Тренчевска.

Мерката самовработување дава одлични резултати, најголем дел од компаниите формирани преку оваа мерка се одржливи

Мерката самовработување следејќи ги податоците од 2018 година до сега,  дава добар резултат и најголем дел од фирмите кои што се формирани со поддршка на оваа мерка се одржливи,“ рече министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во интервју за Радио Слободна Европа, во врска со одржливоста на компаниите формирани преку мерките од Оперативниот план за активни мерки и програми на Министерството за труд и социјлана политика, чиј имплементатор е Агенцијата за вработување.

Таа информираше дека процентот на активност на овие компании досега е 74.2%, а од компаниите кои што се формирале во 2019 година, 82.3% се сеуште активни. Додека пак за компании формирани во 2020 година и 2021 година, согласно податоците имаат активност од високи 99.8 %.

Министерката Тренчевска зборуваше и за законското решение со кое недела е ден за неделен одмор, неговата практична примена и почитување на истото. Притоа, таа посочи дека, според податоците од Државниот инспекторат на труд , кој ја врши контролата на законското решение недела- ден на неделен одмор, најголем дел од работодавачите го почитуваат законското решение.

Exit mobile version