11 C
Struga
Saturday, April 20, 2024
spot_img

МОН: Меморандум за промоција на францускиот јазик во земјава

Потпишан меморандум за соработка со Француската амбасада за промоција на францускиот јазик во земјава.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири и Амбасадорот на Франција во Република Македонија, Сирил Бомгартнер, денеска потпишаа меморандум за соработка, чија цел е заживување на наставата по француски јазик во училиштата и универзитетите во земјава.

– Со потпишувањето на меморандумот, ќе се посветиме на поттикнување на изборот на францускиот јазик во основните и средните училишта преку воспоставување на активности за негов развој, изработка на алатки за промоција на францускиот јазик и организација на настани наменети за раководните и педагошки тимови во училиштата, како и зајакнување на наставата по француски јазик во основните и средните училишта преку обезбедување на модерни технолошки помагала, организација на педагошки обуки во Франција, вмрежување на училишта од Франција, Македонија и регионот, изјави министерот Шаќири.

Министерството за образование и наука, додаде министерот, ќе им ги стави на располагање на основните и средните училишта алатките за промоција на францускиот јазик, изработени во рамките на регионалниот проект на француското министерство за Европа и надворешни работи и ќе го поттикне нивното користење од страна на училиштата кај учениците и родителите.

Амбасадата на Франција пак, ќе создаде мрежа на училишта под брендот “Го сакам францускиот“.

-Училиштата од оваа мрежа ќе бидат опремени со интерактивни панели наменети за кабинетите по француски јазик,а воедно амбасадата ќе ги покрие и сите трошоци за педагошка обука во Франција на шест професори од основните и средните училишта, кои ќе бидат одбрани врз основа на досие за кандидатура, изјави Сирил Бомгартнер, амбасадор на Франција.

Министерство за образование и наука

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles