Home Maqedoni МОН и МТСП децидни – настава и згрижување на децата мора да...

МОН и МТСП децидни – настава и згрижување на децата мора да има

Од Министерството за образование и од Министерството за труд и социјала се децидни.

Училиштата бараат заменски наставници. Во пресрет на најавениот штрајк во образованието откако власта и синдикатите не постигнаа договор, надлежните уверуваат дека се бара секој начин за да се избегне штета на воспитно – образовниот процес. Директорот на скопското училиште Ѓорѓија Пулевски за Канал 5 вели дека преку Агенцијата за вработување побарале наставници, а децата кои посетуваат целодневна настава ќе добијат оброк.

„Како училиште сме должни законски да обезбедиме непрекинат образован процес и даваме се од себе да се одржи тоа и да постапиме. Побаравме заменски наставници кои чекаат преку агенцијата за вработување. Со оние наставници кои нема да штрајкуваат ќе се обидеме да се организираме внатре во училиштето доколку ни обезбедат наставници по одредени предмети кои ќе бидат како заменски се со цел да нема прекин во процесот.

Правото на штрајк е уставно загарантирано, велат од Министерството за труд и социјална политика. Но посочуваат дека и во таков случај:

„По повод најавениот штрајк од страна на СОНК и во предучилишните установи, а кое право е загарантирано право на работниците согласно со Уставот, при остварувањето на правото на штрајк вработените се должни да обезбедат непречено згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст. Сите предучилишни установи ќе продолжат да ја обавуваат својата дејност згрижување и воспитание на децата и во деновите на најавениот штрајк, како и до сега.

Слично е објаснувањето и од Министерството за образование од каде велат дека основните и средните училишта ќе примаат ученици.

„Прекин не смее да има, освен во услови на вонредни околности. Училишните раководства имаат законска должност да го организираат воспитно – образовниот процес и да овозможат продолжување на континуитетот на следење на настава во училниците, кој беше воспоставен откако по година и половина едукација на учениците во вонредни околности и услови на пандемија, тие повторно се вратија во училишните клупи, каде што впрочем им е местото.

И дел од општините претходно информираа дека ќе постапат во согласност со законските правила и прописи и во деновите на штрајкот градинките ќе се организираат и ќе згрижуваат дечиња.

Exit mobile version