Home Maqedoni МНР ги повикува граѓаните да избегнуваат патувања во Украина

МНР ги повикува граѓаните да избегнуваат патувања во Украина

Министерството за надворешни работи , следејќи ги одблиску состојбите во и околу Украина, апелира до граѓаните на земјава:

Сите државјани на Северна Македонија кои во претстојниот период планирале посета на Украина, да избегнуваат патувања во земјата; дополнително, сите наши државјани кои сега се наоѓаат во Украина, доколку имаат можност, во најскоро време да ја напуштат земјата.

Соодветно на претходните повици, граѓаните кои се наоѓаат во Украина, а кои сѐ уште не ги оставиле своите податоци во амбасадата, да ја контактираат Амбасадата на Република Северна Македонија во Киев, со цел доставување на своите податоци, на следните телефонски броеви:

+380442877882

+380663951190

е-mail: dkpkiev@mfa.gov.mk

Дополнително, нашите државјани може да се обратат и во Министерството за надворешни работи на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-меил адреса: globalsos@mfa.gov.mk

Exit mobile version