Home Maqedoni МНР: Ги отфрламе сите наводи дека се подготвуваат нови обврски за Македонија...

МНР: Ги отфрламе сите наводи дека се подготвуваат нови обврски за Македонија и Бугарија

„Сакаме да ги отфрлиме сите наводи дека се подготвуваат нови обврски за двете држави надвор од договорените принципи во меѓусебниот Протокол“.

Во врска со појавени шпекулации во јавноста за нови взаемни документи меѓу Македонија и Бугарија, дозволете да информираме дека Министерството за надворешни работи со внимание го следи процесот на формирање на Службената Влада на Република Бугарија и развојот на внатрешните и надворешните политики, при што охрабрува значајниот фокус што се придава на нашите билатерални односи како важен елемент и на новата Влада.

Сите појавени информации за внатрешната поставеност, за начинот на организација, акциските планови и приоритетите на новата Влада се внатрешна работа на Република Бугарија, и тие не претставуваат резултат од меѓусебните разговори.

Оттука сакаме да ги отфрлиме сите наводи дека се подготвуваат нови обврски за двете држави надвор од договорените принципи во меѓусебниот Протокол кои значат: прво реципроцитет во рамките на преземените обврски; како и автономија на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања.

Министерство за надворешни работи

Exit mobile version