Home Maqedoni Минатата година земјава привремено згрижи стотици бегалци од Авганистан

Минатата година земјава привремено згрижи стотици бегалци од Авганистан

На 15 август, откако ја проширија својата контрола на целиот Авганистан, талибанците го зазедоа и Кабул.

Набрзо илјадници Авганистанци, особено тие што соработувале со Западните сојузници во изминатите 20 години, итно се упатија кон аеродромот „Хамид Карзаи“, кој сè уште не беше во рацете на Талибанците. САД и земјите-членки на НАТО организираа евакуација на Авганистанците кои имаа дозвола за заминување. Во Кабул беа заглавени уште 100 граѓани од Македонија кои беа вработени таму. Во рок од неколку дена Министерството за надворешни работи и фирмите во кои работеа обезбедија нивна евакуација и враќање во татковината.

„Беше безбедно, бидејќи таму беше армијата на САД која не штитеше. Значи, немаше голема опасност“, велеа тие.

Многу држави, меѓу кои и нашата земја изразија готовност да ги засолнат евакуираните авганистански граѓани. Кај нас се засолнија нешто повеќе од 700 од нив. Евакуираните државјани беа лица кои во последните години соработувале со САД и НАТО. Тие беа сместени во хотели со кои Владата постигна договор, а финансиските трошоци ги покрија меѓународните организации.

Првиот контингент со авганистански државјани пристигна на 31 август. Тие добија дозвола за привремен престој од 90 дена, до завршување на постапката за добивање на потребните документи за престој во земјите членки на ЕУ или во САД. Постапката за средување на документите е во надлежност на Амбасадата на САД во Скопје.

Владата на Северна Македонија се покажа крајно воздржана околу информациите кои се однесуваат на овие државјани, не соопштувајќи детали каков план се спроведува и дали постои таков за ресоцијализација на наведените државјани.

Над 130 авганистански државјани ја напуштија нашата земја, додека други чекаат да ги добијат документите за потоа да отпатуваат кон крајната дестинација. За сместување на авганистански државјани Албанија стави на располагање 7 згради во Студентскиот град. Додека претседателката на Косово, Вјоса Османи, во интервју за Би-Би-Си изјави дека настанатата ситуацијаво Авганистан потсетува на периодот кога самите државјани на Косово избегаа од своите домови за да се спасат од српската војска.

Exit mobile version