Home Maqedoni Мерки за граѓаните во понеделник, за фирмите до крајот на месецот

Мерки за граѓаните во понеделник, за фирмите до крајот на месецот

Најранливите категории граѓани во понеделник ќе дознаат како државата планира да ги заштити од ценовниот шок.. Премиерот Ковачевски вели дека и денеска работат економските тимови кои треба да ги дизајнираат мерките за ублажуваше на кризата.. Откако вчера статистика објави рекордна инфлација од близу 19 проценти, премиерот вели дека тоа е реалност.. Растот на цените не се должел на злоупотреби, туку на кризата создадена од случувањата со Украина.

„Тие високи цени се заради војната во Украина, заради енергетската и економска криза, заради енормниот пораст на суровините на пазарот. Многу го спомнуваат тоа зголемување на цени од одредени производители или трговци, меѓутоа, верувајте Државниот пазарен инспекторат од прв ден е на терен, прво беше со нафатата, потоа со основните прехранбени производи и навистина се изрекоа многу казни“, изјави Димитар Ковачевски, Премиер.

Откако во средата, владата побара нови седум дена за дизајнирање на мерките за компаниите, сега Ковачевски најавува ново одложување. Вели дека мерки за стопанството, нема да има пред крајот на октомври… околу 5та минута

„Може да направиме анализа и во тој дел, меѓутоа, не сметам дека намалувањето на ДДВ е клучно во однос на намалувањето на цената на електричната енергија бидејќи цената се зголеми 10 пати во однос на нормалните цени кои беа пред војната и енергетската криза. Она што е потребно е максимално зголемување на производството на струја кое го имаме во државата и ставање во функција на сите производствени капацитети“, вели Ковачевски.

Иако веќе бил информиран, Ковачевски не открива дали тимот на Бектеши вчера во Белград договорил набавка на гас со компанијата посочена од лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.. Тоа било обврска на министерот кој ја предводел делегацијата.

„Министерот Бектеши ќе соопшти сам каде бил и какви се резултатите. Он ќе треба изворно да каже, бидејќи тој ја водеше нашата делагација. Позитивно е кога ќе стигне понуда и кога таа ќе биде подобра од другите. Јас не можам да интервенирам и елаборирам понуди од приватни компании, ако ги има воопшто“, објасни Ковачевски.

Според информации на Сител, денеска се одржуваат средби со друга странска компанија посочена од Мицкоски, а разговорите се одвиваат во Скопје.

Exit mobile version