Home Botë Медицински сестри во САД фалсификувале сертификати и заработиле 1,5 милиони долари

Медицински сестри во САД фалсификувале сертификати и заработиле 1,5 милиони долари

Две медицински сестри од Лонг Ајленд се обвинети за фалсификување сертификати за вакцинација, заработувајќи повеќе од 1,5 милиони долари, јавија американски медиуми, повикувајќи се на обвинителството и полицијата. На Џули Де Вуоно, сопственичка на здравствен центар, и нејзината вработена Мариса Ураро вчера им се судеше.

Обвинителот на округот Сафолк, Рејмонд Тирни, рече дека Де Вуоно и Ураро обезбедиле лажни сертификати, наплаќајќи им на возрасните по 220 долари, а на децата по 85 долари. Двете медицински сестри внесувале неточни информации во државната база на податоци за вакцинација.

Полицијата го претреса домот на Де Вуоно и пронајдоа околу 900.000 долари во готовина и сметководствена тетратка која евидентирала повеќе од 1,5 милиони долари приходи од криминалната шема.

Exit mobile version