Home Botë Масакр во Крамторск, десетици бегалци се убиени на железничка станица

Масакр во Крамторск, десетици бегалци се убиени на железничка станица

Предупредувањата се остварија, тежиштето на конфликтот се сели на истокот на Украина.

Неколку десетици цивили загинаа, а стотина се ранети, во како што тврдат украинските власти, руски ракетен напад на железничката станица во источниот град Краматорск, лоциран во отцепената република Доњецк во регионот на Донбас. Во моментот на нападот околу илјада луѓе чекале евакуација од градот, кога проектил паднал на станицата.

На објавените снимки се гледа проектил на кој на руски јазик пишува „за деца“. Украинскиот претседател Зеленски во обраќањето пред финскиот парламент изјави дека руското зло нема граници. Рече немајќи храброст да се спротивставата на бојното поле, цинично ги напаѓаат цивилите.

Немајќи сила и храброст да ни се спротивстават на бојното поле, тие цинично го уништуваат цивилното население“, рече Зеленски во изјавата.

Луѓето чекаа возови за да бидат евакуирани на безбедно место. Тие (Русите) ги нападнаа овие луѓе. Има сведоци, видеа и остатоци од проектилот и од загинати луѓе, околу 30 се загинати и 300 се повредени. , изјави Володомир Зеленски, претседател на Украина.

Москва категорично отфрла каква било инволвираност и за нападот ги обвини украинските сили. Руското министерство за одбрана тврди дека нападот бил изведен со ракета од типот „Точка У“, која го користела само украинската армија. Истото тврдење стигна и од проруските сили во Доњецк, во чија област спаѓа Краматорск. 

-Се работи за провокација со цел да се обвини Руската Федерација и нашата република за убиства на цивилно население. Прво беше најавена евакуација од градовите Краматорск, Константиновка, Славјанск. Луѓето почнаа да се собираат на места каде што можат да заминат, на железничката станици, каде беше истрелана ракетата. Се работи за тактичка ракета „Точка У“, на која има натпис „за децата“ на руски јазик. , изјави Едуард Басурин, претставник на народна милиција во Доњецк.

Железничката станица во Краматорск се смета за единствен железнички коридор за евакуација во источниот дел на Украина. Високиот претставник на ЕУ, Жосеп Борел обвини дека Русија се обидува да ги затвори патиштата за бегство од неоправданата војна.

Првиот човек на Европскиот Совет Шарл Мишел пак нападот го нарече застрашувачки и порача дека неопходни се повеќе санкции кон Москва и повеќе оружје кон Украина.

Нападот во Краматорск се случува два дена откако Киев ги повика Украинците итно да ги напуштат Доњецк и Луганск во исчекување на жестока руска офанзива.

Русија во изминативе денови целосно се повлече од Киев и Чернихив, концентрирајќи ги силите кон истокот.

Exit mobile version