Home Maqedoni Македонската влада во вторник ќе заседава во Софија

Македонската влада во вторник ќе заседава во Софија

Наместо на „Илинденска“ бр.2 во Скопје, македонската Влада овој вторник ќе заседава во Софија, каде што ќе се одржи заедничка седница со Владата на Бугарија, во атмосфера кога новите власти во двете земји најавуваат и нов пристап во меѓусебниот дијалог, како можност за кревање на рампата за почеток на преговорите на Северна Македонијасо ЕУ.

Кон крајот на 2017 година, тогашните влади на Зоран Заев во Македонија и на Бојко Борисов во Бугарија одржаа заедничка седница во Струмица, три месеци откако го потпишаа Договорот за добрососедство и пријателство меѓу двете земји, кој, сепак, не ја оневозможи бугарската блока кон нашата држава во однос на интеграцијата во ЕУ.

Двете влади формираа четири работни групи. Владата на Северна Македонија ги формира групите за економија, трговија и иновации; за инфраструктура, транспорт и поврзување; за европска интеграција и зелени политики и за култура, наука и образование.

Exit mobile version