Фудбалската репрезентација на Македонија го победи Гибралтар на гости со 2-0 со што го оствари првиот триумф во новиот циклус од Лигата на нации.
Головите за нашиот национален тим ги постигнаа Барди и Николов. Македонија сега е прва на табелата со 4 бода, пред Грузија со 3 и Бугарија со 1 бод.
Овие две селекции вечерва во Разград го играат меѓусебниот дуел. Следен противник на Македонија в четврток ќе биде Грузија која доаѓа во Скопје.