Home Maqedoni Македонија прв пат во историјата се откажа од учество на Евровизија

Македонија прв пат во историјата се откажа од учество на Евровизија

По триесет години, прв пат Македонија нема да учествува на евровизискиот натпревар по сопствена одлука. 

Македонската телевизија го откажа учеството на Евровизија која ќе се одржи следната година во мај во Ливерпул, Велика Британија за да заштеди средства кои треба да се платат за котизација, како и за патувањето и престојот на македонската делегација. Од МРТ соопштија дека :

-Ваквата одлука е во најдобар интерес на граѓаните, имајќи ги предвид зголемените трошоци поради енергетската криза, коишто зафаќаат голем дел од буџетот на Јавниот сервис, како и зголемената котизација за самото учество на „Евросонг 2023“, којашто до минатата година изнесуваше 39.143,00 евра, а идната година се очекува да биде повисока. – се наведува во соопштението.

Веста како земја да не учестуваме на оваа голема музичка манифестација предизвика бројни реакции во јавноста.

Композиторите немаат дилеми дека е штета е да се пропушти ваков светски настан на кој државата има шанса да се претстави и да се чуе македонска песна.

„ Тоа е исто да се избори сега репрезентацијата на Македонија во фудбал и да не оди на Европско или Светско првенство, Значи нема оправдување не се тоа некои средства од кои да речеме боли глава. Јас сум убеден дека сите автори, јас зборувам од свое име се надевам дека и другите ќе се сложат никој нема да бара за композиците надокнада.“- Григор Копров – Композитор

„ За нас лично мислам дека секоја промоција поготов во вакво време на идентитетски проблеми многу битно да се настапува на било кои манифестации од ваков тип а Евровизија е најголем промотор поготово ваква музчката сцена, штета е да не се настапи меѓутоа тоа е сепак одлука на МТВ претпоставувам и на државата, ако јас сум државата јас би нашол средства.“ – Дарко Димитров – Композитор

Поради финансиски причини, учеството на Евровизија за следната година вчера го откажа и Црна Гора .

Exit mobile version