Home Maqedoni Македонија доби 250 000 дози вакцини Фајзер донација од Италија

Македонија доби 250 000 дози вакцини Фајзер донација од Италија

Македонија доби 250 000 дози од вакцината на „Фајзер“ против ковид-19, кои се донација од Италија којашто се спроведува преку Ковакс механизмот и УНИЦЕФ. Првата пратка пристигна вечерва на Институтот за трансфузиологија, а втората ќе пристигне во среда и ова претставува најголемата донација направена од земјава.

Министерот за здравство, Беким Сали, се заблагодари на италијанската влада и ги повика граѓаните да се вакцинираат бидејќи тоа е единствениот начин за заштита порачувајќи им дека вакцините се безбедни, се чуваат на сигурно место и безбедно се транспортираат.

Тој вели дека процентот на вакцинирано население и со прва и со трета доза не е доволен, па уште еднаш апелираше населението да се вакцинира споделувајќи информација дека според првичните информации засега во земјава не починало ниту едно лице кое има коморбидитети, а е вакцинирано со трета доза.

И италијанскиот амбасадор во земјава, Андреа Силвестри, упати апел граѓаните да се вакцинираат потсетувајќи дека Италија беше првата најпогодена земја од коронавирусот, а успеа да се справи со пандемијата благодарение на вакцината.

Exit mobile version