Фудбалската репрезентација на Македонија го совлада Гибралтар во Скопје со 4-0 во меч од „Ц“ Лигата на нации.
Со оваа победа Македонија ги задржа шансите за освојување на првото место во групата и пласман во доигрувањето особено што грузија не успеа да ја совлада Бугарија во Тбилиси. Мечот заврши без голови. Прва во групата и натаму е Грузија со 10 бода, пред Македонија со 7, Бугарија со 3 и Гибралтар 1. до крајот на циклусот има уште две средби во септември кога Македонија ќе игра со Бугарија дома и Грузија на гости.