Home Maqedoni Македонија во соработка со НАТО сојузниците се справува со хибридните напади

Македонија во соработка со НАТО сојузниците се справува со хибридните напади

Македонија е под циничен хибриден напад и НАТО ќе и помогне на својата најнова земја членка.

 

Ова од Скопје директно го најави Џејмс Апатурај кој е од заменик-помошникот генерален секретар за новите безбедносни предизвици. Според него справувањето со ваков напад, како лажните дојави за бомби, не е едноставна задача, но Македонија засега добро се справувала. Апатурај најави дека во иднина Алијансата блиску ќе се соработува со властите во Скопје, како да се превенираат и менаџираат хибридните закани.

Посетата на Апатурај практично беше најавена пред извесно време кога од Владата кажаа дека ќе добиеме голема помош од НАТО за справување со овој и идните хибридни напади. За нашите служби овие закани се случуваат паралелно со разгорувањето на воената агресија во Украина, а во неа се вклучени комбинација на странски и домашни актери

Пред неколку денови и министерот за внатрешни работи, кажа дека дојавите за бомби најчесто доаѓаат од ирански и руски IP адреси, но дека има и домашни „актери“. Откако ескалираа лажните дојави за бомби се променија протоколите, па затоа деновиве јавноста не е вознемирувана со дојави, а учениците продолжија со редовна настава.

Exit mobile version