Home Maqedoni Македонија влегува во „портокалова“ фаза

Македонија влегува во „портокалова“ фаза

Горештините кои ја „крчкаат“ Европа пристигнаа и во Македонија.

Земјава и официјално е во портакола фаза. Од УХМР велат дека под влијание на пеколниот бран и високи температури ќе бидеме во наредниве неколку дена, односно температурите ќе достигаат над 40-иот степен, па граѓаните треба да бидат внимателни.

Во моментов е активирана портокалово ниво затоа што насекаде температурите ќе бидат над 35 степени, а во делови од земјава над 40. Во сабота максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 41 степен, а во недела од 35 до 42 степени

Жештините според моменталните прогнози остануваат во текот на целиот викенд, односно до понеделник, велат од УХМР.

Покрај високите и опасни температури, скопјани имаат уште еден проблем, а тоа е недостаток на места за освежување низ градот. Ако пешачите долж 5 километарскиот булевар „Партизанска“ и ожедните, вода ќе се напиете само ако си купите, оти има само две јавни чешми и тоа во „Буњаковец“.

– На најголемиот градски булевар, од Влае па до Соборен Храм, потег кој што има должина од неколку километри има само две места каде што граѓаните можат да си ја изгасат жедта.

На плоштадот „Македонија“ пак нема ниту една чешма каде што ќе можат да се освежат од пеколните горештини.

– Има ли каде да се напиете вода на плоштадот? Нема, нигде, досега не сретнав. – Би се напиле ли сега во моментов вода? Како добро би дошла сега една ладна. Би се напиле ли сега една ладна вода? Да, ама од каде? Во паркот имаше ја нема, тука подоле имаше чешма и тука нема./ Има до собрание дури, ако одиш до таму, ако преживееш, ќе се напиеш инаку тука нема никаде каде да се пие вода никаде./ не треба мора да има, затоа што водата е неопходна работа.

Граѓаните сметаат дека повеќе чешми едн одноставно мора да има, оти единствената опција во срцето на градот е да се купи вода за да не дехидрираат.

Ќе купиме, што ќе правиме./ Па најсигурно е да си купиме вода, за секој случај.

Единствената вода која што ја има на плоштадот можете само да ја фотографирате или пак да застанете малку до нејзе да ве разлади, оти крошните над клупите се мали не доволни да ве заштитат од сонцто, а дел од дрвата се цело исушени и со месеци го нагрдуваат центарот на скопје.

Сепак младите хумани лица и годинава се растрчаа по улиците. Црвениот крст делеше вода како освежување за граѓаните кои што ги затекнаа надвор на горештините, кои воедно ја алармираа и Владата да донесе препораки за заштита во траење од 3 дена. Во нив стои бремените жени и хронично болните да се ослободат од работа, во градинките децата да не се изложуваат на отворено од 11 до 17 часот.

Локалната самоуправа, Црвениот Крст и центрите за социјални работи да се погрижат за повозрасните и изнемоштени лица кои се изложени на топлина, а работодавачите да ги почитуваат законските обврски и вработените да не бидат изложени на процеси кои претставуваат дополнителен ризик по здравјето.

Exit mobile version