Home Botë Либан го забрани филмот „Барби“

Либан го забрани филмот „Барби“

Либанскиот министер за култура денеска забрани прикажување на филмот „Барби“ во кината во земјата, оценувајќи дека тој промовира хомосексуалност и сексуална трансформација и е против верските вредности.

Министерот Мохамед Мортада е поддржан од моќната шиитска група Хезболах, чиј раководител Саид Хасан Насрала ја засили својата реторика против ЛГБТ-заедницата, тврдејќи дека таа претставува непосредна опасност за Либан.

Насрала побара од властите во Либан да се преземат неопходните мерки за да се спречи прикажувањето на филмот.  

Exit mobile version