Home Maqedoni Комисијата утре ќе одлучува дали ќе има нови рестрикции, регионот со нови...

Комисијата утре ќе одлучува дали ќе има нови рестрикции, регионот со нови построги мерки

Состанокот е закажан за утре во 9, потврдуваат за Канал 5 дел од членовите на Комисијата. Сепак, според неофицијалните информации тешко дека допрва ќе се носат нови мерки како задолжително тестирање на границите или затворање на кафеани. Поради опасноста од „парализирање“ на општеството оти и сега има многу изолирани работници, експертите од Комисијата утре ќе дискутираат за намалување на периодот на изолација кај асимптоматските случаи кој сега е 10 дена. Неизвесно е и дали ќе се препорача и оние со поблаги симптоми наместо 20, дома да седат 10 денови.

Дел од граѓаните што ги пресретнавме сметаат дека мерки треба да има, но велат и дека не се почитуваат и постоечките.

-Треба да има.

Мерки треба и на граница…

– Што беше тоа сега по кафаните за нова година.

– Маски не се носат ниту во автобус.

Ставот на Д-р Злате Мехмедовиќ е дека она што се случува сега е последица од тоа што не се мислеше навреме на превенција, но сепак и сега мора да се реагира. Според него потребни се мерки во затворените простории, а треба да се размислува и за он-лајн настава.

Додека фокусот на Комисијата е периодот колку да останеме дома доколку имаме корона, земјите околу нас воведуваат различни анти-ковид правила. Хрватска забрани јавни собири на отворено со повеќе од 50 луѓе. Во Словенија наместо 72 сега важи само ПСР тест направен пред 48 часа. Соседна Грција од следниот месец за навакцинирани ќе ги смета сите кои не примиле трета доза вакцина.

Exit mobile version