Home Maqedoni Комисијата за заразни болести предложи укинување на сите мерки

Комисијата за заразни болести предложи укинување на сите мерки

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок препорача укинување на сите рестриктивни мерки за справување со Ковид-19, освен задолжително носење маски во здравствени установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица.

Воедно, Комисијата апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за лична заштита и хигиена, како што се често миење раце, дезинфекција и одржување дистанца. 

Од комисијата потсетуваат дека вакцинацијата и понатаму останува најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението. 

Комисијата за заразни болести на дневна основа ја следи состојбата со Ковид-19 и доколку има потреба ќе бидат препорачани нови мерки. 

Комисија за заразни болести

Exit mobile version