Home Maqedoni Ковачевски: Отворени сме за дијалог за раст на платите кој нема да...

Ковачевски: Отворени сме за дијалог за раст на платите кој нема да биде условен од штрајкови

Владата преку сооштение посочи дека во своите барања СОНК треба да ги има во предвид и моменталните состојби.

Отворени сме за дијалог за раст на платите кој нема да биде условен од штрајкови, вели премиерот Димитар Ковачевски кој на „Фејбук“ напиша оти вработените во образованието и во детската заштита се никулецот за развојот на нашата иднина поради што во последните пет години платата им е зголемена за 21 отсто.

„ Го охрабрувам синдикатот да го продолжи дијалогот и да ја преземе одговорноста за трајно решение за раст на платите преку заеднички утврден модел за раст на платите“, напиша Ковачевски

Претходно Владата преку сооштение посочи дека во своите барања СОНК треба да ги има во предвид и моменталните состојби.

Наставник/чка во основно образование сега зема плата од 24.786 денари, што е зголемување за 3.267 денари, за разлика од 2016 година кога неговата плата изнесувала 21.521 денар. Кај наставниците во средно образование пак, платата сега изнесува 25.642 денари и е зголемена за 4.353 денари плус минат труд. Во однос на платите на негователите разликата во платите е 5.067 денари повеќе на сметката на овие вработени, плус додатокот за минат труд, … велат од Владата од каде сметаат дека дебатата за новиот колективен договор е шанса за трајно решавање на континуираниот раст на платите.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ повторно побараа од Владата да ги прифати барањата на СОНК и обвинија за притисоци и закани кон наставници.

-Ние како политичка партија го поддржавме тој штрајк, сметаме дека треба да си ги остварат своите права, особено во овој тежок период кога економската состојба во државата е тешка, кога граѓаните секојдневно се борат со беспарица и со секојдневни тешки проблеми, истакна Димитриеска Кочоска.

Од СДСМ пак, ја обвинија ВМРО-ДПМНЕ за партизација на штрајкот во воспитно образовните установи.

-Уште еднаш апелираме до политичките партии особено до ВМРО-ДПМНЕ да престане со партизација на штрајкот, да престане да нанесува штета врз образованието и наставниот процес. Тоа е последната партија која може да зборува за образованието и за детската заштита, по пустошот што го стори за време на 11 годишното владеење.

Денеска поддршка за штрајкот на СОНК стигна поддршка и од Независниот академски синдикат (НАкС), па и тие побараа усогласување на платите со минималната плата. Се огласи и Прогресивниот синдикат на образование при Сојузот на синдикати на Македонија кои за разлика од СОНК бараат на сите вработени да им се покачи платата лиенарно за 2.800 денари.

Exit mobile version