Home Maqedoni Ковачевски: Отворање на преговорите со обезбеден македонски јазик во ЕУ значи затворање...

Ковачевски: Отворање на преговорите со обезбеден македонски јазик во ЕУ значи затворање на сите идентитетски прашања

Централниот одбор на СДСМ на вчерашната седница донесе едногласна одлука со која го поддржа процесот за отпочнување преговори со ЕУ, напиша на социјалните мрежи премиерот Димитар Ковачевски.

,„СДСМ како државотворна партија останува цврсто кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ, како елементи за кои не се преговара со ЕУ во ниту едни околности.

Овие определби и принципи СДСМ очекува да бидат поддржани од сите политички субјекти во Собранието преку носење на натамошни заклучоци за европскиот предлог, согласно собраниските процедури“, потенцира Ковачевски во напишаното.

Имаме предлог, појаснува Ковачевски, кој гарантира чист македонски јазик во ЕУ, историски и билатерални прашања надвор од преговарачката рамка.

„Нашата земја е пред многу важна одлука за нејзината иднина и остварување на уште една стратешка цел, отворање на преговорите со Европската Унија со зачуван и обезбеден македонски јазик во ЕУ. Toa значи конечно затворање на сите идентитетски прашања“, наведува Ковачевски во напишаното на социјалните мрежи.

Exit mobile version