Home Maqedoni Ковачевски обезбеди поддршка од коалицијата за европскиот пат

Ковачевски обезбеди поддршка од коалицијата за европскиот пат

Ковачевски добил поддршка од коалиционите партнери да го заврши процесот на евроинтеграции.За него 2030 година за полноправно членство во ЕУ била амбициозна но достижна цел. Изјавите на дел од коалиционите партнери дека не се задоволни од исполнување на нивните барања за премиерот не биле проблем. За различните аспекти што ги имаат политичките партии за една изборна единица премиерот рече дека договориле да се дискутира во Собранието. И покрај роковите кои му ги поставија дел од партнерите тврди дека мнозинството е стабилно.

Ковачевски ја повика опозицијата да даде поддршка за европската интеграција, вели дека ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да одлучи дали ќе се приклучи на проевропскиот блок или ќе остане во заложништво на Левицата.

Помалите коалициони партнери во владата кои изразија револт за делувањето на власта, сепак пред лидерската не можеа да потврдат дека во игра е излегување од коалицијата.

На лидерската Ковачевски истакнал дека и САД дава јасна, силна и недвосмислена поддршка, каква што земјата добива од независноста.

Exit mobile version