Home Maqedoni Ковачевски: Нема поголем патриотизам од поддршката за просперитет

Ковачевски: Нема поголем патриотизам од поддршката за просперитет

Премиерот Димитар Ковачевски преку Фејсбук објава им се заблагодари на пратениците кои ги поддржаа заклучоците за европскиот предлог.

„Честитки и огромна благодарност до пратениците кои денеска покажаа демократски капацитет, ги поддржаа заклучоците за европскиот предлог и гласаа за европска иднина на државата.

Нема поголем патриотизам од поддршката за просперитет на земјата и од одлуки кои се од највисок интерес за државата и граѓаните.

Конечно македонскиот јазик ќе ечи секаде низ Европа. Вака се сака државата, со мудри и државнички одлуки!“, објави Ковачевски на Фејсбук.

Exit mobile version