Home Maqedoni Ковачевски: Македонија веќе не смее да биде заложник на внатрешните политички битки...

Ковачевски: Македонија веќе не смее да биде заложник на внатрешните политички битки во Бугарија

Премиерот Димитар Ковачевски не потврдува рок за кревање на бугарското вето и почеток на преговори со ЕУ. 

Вели дека е за брзо, но не и избрзано решение на спорот со Бугарија, а договор според него ќе има само ако преговорите се водат врз основа на европските вредности, задржување на достоинството на граѓаните во двете држави и меѓусебно почитување од двете страни.

– Не може политичка борба во соседна држава, земја членка на ЕУ популитстичко – националистички реторики да бидат пречки зачленување на држава која што има четири последователни позитивни извештаи за отпочнување на првата меѓувладина конференција. Ние треба да кажеме дека Македонија има вето од соседна држава за почнување на првата меѓувладина конференција. Доколку бидат тие услови исполнети, тогаш може да се очекува договор, но само ако бидат исполнети тие услови , потенцира Ковачевски.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, се сомневаат дека премиерот Ковачевски ги прифатил сите бугарски барања да бидат дел од рамката за ЕУ, нешто што според опозицијата го потврдил пред три дена и бугарскиот премиер Петков во интервјуто за бугарска телевизија.

– Петков јасно кажува дека и тој е свесен дека бугарските барања се максималистички, а со тоа и нереални и неприфатливи, но кажува и дека тој е на план истите да ги протурка со расцепкување, и нивно врзување со процесот на преговори со ЕУ. Во понатамошниот тек на изјавата тој додава: – Сега таму имаме нормална влада и таа е подготвена да ги преземе ангажманите со европски договор. Со ова отворено кажува дека Ковачевски прифатил вклопување на бугарските барања во рамката на преговарање за влез во ЕУ, изјави Драган Ковачки член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Во екот на преговорите, дел од историчарите во земјава апелираат до власта да биде внимателна во преговорите со Бугарија, за да не се загрозат националните интереси…

Потребата за брзо решение на македонско бугарскиот спор и зелено светло за преговори, според премиерот Ковачевски дополнително ја засили и војната во Украина, а проширувањето на ЕУ според него освен политичко и економско, сега е и безбедносно прашање.

Exit mobile version