Home Maqedoni Ковачевски: Во протоколот што стигна во бугарското Собрание нема нови услови за...

Ковачевски: Во протоколот што стигна во бугарското Собрание нема нови услови за нас

Ковачевски кажа дека во протоколот, кој е во бугарското Собрание, нема нови услови и барања за Македонија.

Преговарачката рамка треба да биде мултилатерален документ, во кој се содржани насоки и правила за преговарање во однос на пристапувањето кон Европската Унија, а билатералните прашања треба да се решаваат со државите со кои постојат отворени спорови, е ставот на премиерот Димитар Ковачевски во однос на тоа дали Македонија го променила ставот за тоа дека нема да прифати билатералните прашања со Бугарија да влезат во преговарачката рамка. Со цел решавање на билатералните прашања тој ги посочи веќе потпишаните Договорот за добрососеедство со Бугарија и Преспанскиот договор со Грција и изрази надеж дека Унијата ќе усвои документ од мултилатерален карактер.

„Јас се надевам дека земјите на ЕУ ќе усвојат преговарачка рамка која ќе отсликува мултилатерален каратктер на документот, а од друга страна земјите во случајов Бугарија со која што имаме билатерални отоворени прашања дека ќе биде на ниво на соседна држава која ќе сака да ја види другата соседна држава како полноправна членка на ЕУ.“- Димитар Ковачевски – Претседател на Владата

Ковачевски кажа дека во протоколот, кој е во бугарското Собрание, нема нови услови и барања за Македонија, туку вели дека во него се содржани постигнувањата и понатамошните чекори во однос на спроведувањето на Договорот за добрососедство.

„Тоа е насоки за спроведеување на договорот.Сите документи за коишто зборувате и за коишто се зборува во јавноста коишто се однесувааат на одлуки коишто треба да се носат во Бугарија, се наоѓаат во нивното Собрание според тоа што се гледа од медиумите.“ – Димитар Ковачевски – Претседател на Владата

Ова премиерот Ковачевски го изјави на пресконференцијата со финската премиерка Сана Марин која е во еднодневна посета на земјава. Марин кажа дека Финска ги поддржува Македонија и Албанија преговорите со ЕУ да ги почнат веднаш, без директно да одговори на новинарско прашање што мисли за францускиот предлог.

Марин, кое е во прва официјална посета на Македонија, по средбата со Ковачевски оствари средба и со претседателот на државата Стево Пендаровски и претседателот на Собранието Талат Џафери.

Exit mobile version