Home Maqedoni Казнети 240 возачи за брзо возење

Казнети 240 возачи за брзо возење

Во рамки на акциската контрола што полицијата ја спроведе вчера на територијата на Република Македонија за брзо возење казнети се 240 возачи.

Од нив, како што соопшти МВР, девет возачи управувале со возило со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а двајца со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа 115 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 125 надвор од населено место.

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за побезбедни патишта.

Exit mobile version