6 C
Struga
Friday, April 19, 2024
spot_img

ИЈЗ: Зголемен бројот на позитивни случаи и реинфекции со Ковид-19

Во периодот од 17 до 23 јануари годинава регистрирани сe 11.610 нови позитивни случаи на Ковид-19 од 35 градови во државата, што претставува зголемување од 4,5 отсто во однос на минатата недела кога беа заболени 11.115 лица. Процентот на позитивност се движи од 23,6 до 34,4 отсто, или просечно 29,1 отсто. Пријавени се и 1.559 реинфекции или за 25 отсто повеќе, како и 97 смртни случаи, односно за 76,4 отсто повеќе во однос на минатата недела, информира Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во деталниот извештај за состојбата со Ковид-19.

Според неделниот извештај на ИЈЗ, во периодот од 17 до 23 јануари се тестирани 39.289 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, што е намалување од 15,6 отсто во однос на минатата недела.

-Најголем дел од регистрираните случаи 6.045 или 52,6 отсто се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Крушево односно 1.127,9 позитивни лица на 100.000 жители. Процентот на позитивност се движи од 23,6 до 34,4 отсто или просечно 29,1 отсто. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапени се возрасните групи на лица на возраст од 30 до 39 години со 2.711 заболени или 23,4 отсто и од 40 до 49 години со 2.424, односно 20,9 отсто. Најмал број 267 или 2,3 отсто е регистриран кај возрасната група од 0 до 9г години. Се забележува зголемување на бројот на заболени кај скоро сите возрасни групи со најголемо зголемување кај возрасната група над 0 до 9 години со зголемување од 30,9 отсто и возрасната група постари од 60 години со зголемување од 17,1 отсто во однос на претходната недела. Се регистрира намалување на бројот на заболени кај возрасните групи од 10 до 19 години за 15,3 отсто и од 20 до 29 години за 18 отсто во однос на минатата недела, соопшти ИЈЗ.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles