Home Maqedoni Интензивниот дожд поплави улици,подруми и локални патишта во Тетово

Интензивниот дожд поплави улици,подруми и локални патишта во Тетово

Неколкучасовниот интензивен дожд вечерва предизвика поплави на улици, булевари и локални патишта во Тетово.  

Врнежите предизвикаа проблеми за граѓаните на неколку места каде редовно се поплавуваат улиците. Речиси целосно се поплавија улиците во населбата Дарданија, источно од железничката пруга, улицата „172“, која го спојува Тетово со Мала Речица, неколку улици околу касарната. 

Во некои куќи надојдената вода поплави дворови и подруми. Поплавен е и локалниот пат од Тетово кон Фалише кај подвозникот. Според изјава на жители, сообраќајот е во прекин и не може да се помине од Тетово кон Фалише.

И поголем дел од градските улици се најдоа под вода во зависност од интензитетот на врнежи, како и од апсорпцијата на водата во атмосферската канализација.

Exit mobile version