Home Maqedoni Извештајот за напредокот на Македонија пред пратениците

Извештајот за напредокот на Македонија пред пратениците

Во половина од областите има или незадоволителен или нема напредок, ова е прв извештај на ЕУ во кој Собранието има пониска оценка со злоупотреби на европското знаменце, оцени пратеникот Милошоски, наспроти вицепремиерот Маричик и главен преговарач со ЕУ кој оцени дека токму во 90 проценти од областите земјава има делумна или добра подготвеност, со објективен приказ на одржлиците реформи…

Иако напредокот различно се толкува, а власта ја искритува опозицијата дека ги кочи законите, единствен е ставот дека за ЕУ процесот е неопходен консензус, а Собранието е важна алка во тој процес.

Евроамбасадорот Дејвид Гир потенцираше дека следниот чекор е билатералниот скрининг кој почнува на 11 ноември, потсети на несработените домашни задачи и иако директно не ги споемна уставните измени, ја нотираше политичката поларизација во собранието и потребата од консензус за потребните реформи

Во годинешниот извештај ЕК посочи на „заеднички и брзи напори од сите партии како приоритени чекори за зајакнување на улогата на парламентот како форум за конструктивен политички дијалог, особено за реформската агенда на ЕУ“

Exit mobile version