Home Maqedoni Земјите-членки на ЕУ и САД очекуваат преговорите со Македонија да почнат веднаш

Земјите-членки на ЕУ и САД очекуваат преговорите со Македонија да почнат веднаш

Историски, пат за иднината, гаранција за идентитетот, шанса за Македонија и Западениот Балкан.

Ова се главните пораки кои стигнуваат од меѓународната заедница по објавувањето на конечниот француски, односно европски предлог за кревање на бугарското вето. Американската амбасадорка во земјава Кејт Мери Брнз на твитер напиша дека со вака составениот предлог се гарантира македонскиот идентитет и јазик.

-САД ја поздравуваат дискусијата во Македонија за ревидираниот предлог на ЕУ за старт на преговорите, признавајќи ја важноста на македонскиот јазик и идентитет. Долго време ја поддржуваме иднината на Македонија во ЕУ и сега гледаме пат за придвижување нанапред.-Кејт Мери Брнз – Амбасадорка на САД.

И Европскта комисија е на став дека ревидираниот предлог отвора можности за конечно придвижувања не евроинтеграциите, ни и дека одблиску ги следат последните случувања во Македонија и протестите организирани од опозицијата.

Словенечкиот претседател Борут Пахор пак е на став дека овие денови се решава геополитичката судбината на целиот Западен Балкан. Пахор во изјавата српска политика имаше и забелешки за ангажманот на ЕУ во односно на овој дел на Европа.

-Фактот што Европската унија не сака или не знае како да дојде посилно во овој дел од Европа ќе има последици. Русија, Кина, Турција и земјите од Персискиот залив ќе бидат повеќе присутни во оваа област. Во моментов и под овие услови (Францускиот предлог) се решава геополитичката судбина на Западен Балкан во следните 10-15 години.-Борут Пахор – Претседател на Словенија.

Со поддршка за конечниот предлог и апел да се пријави на социјалните мрежи се огласија и министрите за надворешни работи на Италија, Романија и повеќе други држави. Од соседите земји најотворен во повикот до земјава да го прифати предлог беше албанскиот премиер Еди Рама. Тој во изјава за Канал 5 кажа дека на ваков предлог се чекало повеќе од 3 години и дека оваа шанса, што едноставно не смеела да се пропушти.

Инаку, денес во Скопје се доаѓаат и министрите за европски прашања на Ирска и Финска. Средби ќе имаат со нивниот хомолог – Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, а според најавата главна тема на разговорите ќе биде токму францускиот предлог за решение на спорот меѓу Македонија и Бугарија.

Exit mobile version