8.7 C
Struga
Tuesday, March 19, 2024
spot_img

Зеленски со порака до Русите: Ќе ве убиваат, еден по еден, се додека е Путин на власт

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во ноќно обраќање изјави дека Русите ќе бидат убивани еден по еден се додека на власт е рускиот претседател Владимир Путин, кој ја нареди инвазијата врз Украина.

-Додека сите вие ​​самите не го решите проблемот од кој почна сè, што ја почна оваа бесмислена војна против Украина, ќе бидете убивани еден по еден, станувајќи жртвени јарци, бидејќи не признавате дека оваа војна е историска грешка за Русија, рече Зеленски во своето редовно ноќно обраќање.

Украинскиот претседател додаде дека наскоро армијата, која од вчера го контролира градот Лиман, во регионот Доњецк, што е под руска контрола, ќе поврати и други градови во регионот.

-Во текот на неделата над Донбас се вееја нови украински знамиња, а следната недела ќе ги има уште повеќе, додаде Зеленски.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles