Home Botë Зеленски: Руските сили ја уништија клучната инфраструктура во Херсон

Зеленски: Руските сили ја уништија клучната инфраструктура во Херсон

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските сили ја уништиле клучната инфраструктура во Херсон пред да се повлечат, пренесоа светските агенции.

Зеленски изјави дека украинските сили деактивирале и 2.000 експлозиви, проектили и мини во градот. Тој објави дека украинските сили повторно ја презеле контролата врз речиси 60 населени места во регионот Херсон.

Околу 200 украински полицајци сега се стационирани во Херсон за да ги документираат, како што рече началникот на националната полиција Игор Клименко, „злосторствата на руските окупатори“ и да постават патни контролни пунктови.

Exit mobile version