Home Botë Зеленски: Подготвен сум за преговори со Путин, ако не успеат тоа ќе...

Зеленски: Подготвен сум за преговори со Путин, ако не успеат тоа ќе значи Трета светска војна

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека е подготвен да преговара со рускиот претседател Владимир Путин.

Но тој предупреди дека доколку не успеат обидите за преговори, тоа може да значи дека борбата меѓу двете земји ќе доведе до „Трета светска војна“.

„Подготвен сум на преговори со него. Бев подготвен за последните две години. И мислам дека без преговори, не можеме да ставиме крај на оваа војна“, изјави Зеленски за Си-Ен-Ен.

„Ако има само 1% шанса да ја запреме оваа војна, мислам дека треба да ја искористиме таа шанса. Треба да го направиме тоа. Можам да ви кажам за резултатот од овие преговори – во секој случај, секојдневно губиме луѓе, невини луѓе на теренот“, рече тој.

Тој продолжи: „Руските сили дојдоа да не` истребат, да не` убијат. И можеме да покажеме со достоинство на нашиот народ и нашата армија дека можеме да нанесеме силен удар, можеме да го возвратиме ударот. Но, за жал, нашето достоинство нема да ги зачува животите. Значи, мислам дека треба да искористиме кој било формат, секоја шанса за да имаме можност за преговарање, можност за разговор со Путин. Но, ако овие обиди не успеат, тоа би значело Трета светска војна“.

Exit mobile version