Home Botë Зеленски објави фотографии од ослободениот град: Уништено сѐ што е потребно за...

Зеленски објави фотографии од ослободениот град: Уништено сѐ што е потребно за живот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави неколку фотографии од Лиман, стратешки важен град кој неодамна беше ослободен од украинските сили.

„Нашиот Лиман по заминувањето на окупаторите… Сè што е потребно за живот овде е уништено. Тоа го прават насекаде на териториите што ги окупираат. Тоа може да се запре само на еден начин: ослободување на Украина. Ни треба живот, хуманост, закон и вистинат, што е можно поскоро“, објави Зеленски.

Да потсетиме, руските сили се повлекоа во текот на викендот од Лиман, град во источниот регион Доњецк. Овој потег означи уште еден триумф на контраофанзивата на Украина на исток.

Но, фотографиите што ги објави Зеленски, како и другите фотографии и видеа кои доаѓаат од Лиман, се гледа град кој е во голема мера уништен.

Exit mobile version