Home Botë Зеленски: Ме оставија сам, санкциите на ЕУ не се доволни за Путин 

Зеленски: Ме оставија сам, санкциите на ЕУ не се доволни за Путин 

Втор ден од руската офанзива врз Украина, а веќе излегоа и првите бројки на жртви и повредени.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски кој и се обраќа на нацијата на речиси секој час, соопшти дека загинале 137 украиснки војници, а над 300 се повредени во текот на вчерашниот ден.

Истовремено, рече дека се плаши за својот живот и на неговото семејство. Рече зборувал со сите 27-земји членки на ЕУ, и им кажал дека санкциите кои ги воведуваат против Русија во моментов не се доволни. Зеленски побарал од НАТО безбедносни гаранции. Блокот вели дека му ги обезбедуваат, но сега Украина нема да биде примена во Алијансата.

Ме оставија сам, им порача на сонародниците, украинскиот претседател.

Exit mobile version