Home Botë Зеленски ги прифати преговорите, но не во Белорусија 

Зеленски ги прифати преговорите, но не во Белорусија 

Претседателот на Украина Володимр Зеленски  ги прифати преговорите, но,не во Белорусија.

Според неофицијални информации, украинскиот претседател Зеленски не сака да отпатува за Белорусија на преговори , каде што веќе е московската делегација, бидејќи се плаши дека ќе биде уапсен.

Зеленски и денеска се обрати преку видеото на Телеграм.

-Минатата ноќ беше тешка за Украина, рече тој. Тој изјави и дека оваа ситуација не ја избра Украина, туку Русија. Сепак, Зеленски рече дека Русија и Украина можат да се вратат на мирот. „Да немаше агресија од вашата територија, можевме да разговараме за мир“, рече тој.

Exit mobile version