Претседателот на Украина, Володомир Зеленски денеска ги пречека премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама, на чија покана се во посета на Киев.
Во пресрет на изјавата за медиумите, била одржана официјална средба меѓу премиерот Абазовиќ и Рама и претседателот Зеленски, на која тој им се заблагодарил на Абазовиќ и Рама за нивното пристигнување и отворената поддршка на Украина од двете земји.
Во разговорот преку видео врска се вклучи и премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски.