Home Botë Зеленски: Веќе ни се уништени 40 проценти од енергетската инфраструктура 

Зеленски: Веќе ни се уништени 40 проценти од енергетската инфраструктура 

Русија повторно истрела ракети врз некои делови на Украина, па утринава ширум земјата се огласија сирени за воздушен напад.

Украинските власти и медиумите објавија дека има експлозии во северозападниот град Ривне, во пошироката област на Киев и во Одеса, меѓу другите региони.

Системот за противвоздушна одбрана бил активен, соопштија властите на главниот град. Официјални лица споделија видеа на социјалните мрежи на кои наводно се гледа како украински борбен авион соборува руски проектил. Украина пресретнала пет проектили насочени кон Киев, изјави советникот на украинскиот претседател Олексеј Арестович.

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко ги потврди нападите на главниот град. „Се огласуваат сирените за воздушен напад“, напиша Кличко на Телеграм и ги советува граѓаните да останат во засолништата за воздушни напади.

Руската армија сѐ повеќе ја напаѓа украинската цивилна инфраструктура, вклучително и електрани, а украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека околу 40 отсто од енергетската инфраструктура е веќе уништена.

Денеска украинските власти повторно пријавија проблеми со снабдувањето со енергија и вода во земјата. Проруските воени блогери објавија дека девет бомбардери Туполев Ту-160 учествувале во најновите напади на украинска територија.

Тие објавија и видеа на кои наводно се гледаат руски ракетни напади врз Украина. Снимките не можеле да се проверат независно. Извори блиски до Кремљ тврдат дека биле нападнати вкупно 12 градови и региони, меѓу кои и регионот Дњепропетровск и градот Лавов.

Exit mobile version