Home Maqedoni Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи

Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи

Продажните цени на производителите на индустриски производи во април годинава се повисоки за 0,4 отсто на месечно и за 1,6 проценти на годишно ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со март 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 1,3 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,7 проценти, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 0,6 отсто.

Во споредба со април 2022 година, продажните цени се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 9,8  отсто, а се повисоки во секторот Преработувачка индустрија за 1,6 и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 17,1  отсто.

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари, пак, се пониски  за 0,1  отсто на месечни и за 1,1 отсто на годишно ниво.

Во споредба со март 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 1,8 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија остануваат непроменети. Во споредба со април 2022 година се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 8,8 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија за 0,5 отсто. 

Exit mobile version