Home Maqedoni За три месеци запленети над 220 мрежи на Охридското Езеро

За три месеци запленети над 220 мрежи на Охридското Езеро

Се понеизвесна судбината на охридската пастрмка.Во трка за профит рибокрадството во охридското езеро  е во подем иако има забрана за риболов .Невладините алармираат дека состојбата на рибниот фонд е загрижувачка од полицијата пак велат дека постојано се вршат засилени акциски контроли само во првите 3 месеци годинава пронајдени и одземени биле 227 рибарски мрежи а биле поднесени и кривични пријави против 4 лица.

Невладините бараат да нема селективност во контролите и надлежните порешително да сe  справат со овој проблем.

(Најголемиот број на акциите се случуваат на источниот брег на езерото, додека отсуствуваат на северозападниот дел, од потегот Струга -Калишта – Радожда, каде исто непречено делуваат рибокрадците,) пишуваат од невладината Охрид ЅОЅ.

Од охридскaта полиција велат дека лани биле спроведени 279  акциски контроли,  одземени  405 рибарски мрежи со 290 килограми риба а седум    лица заработиле пријави за незаконит риболов.

Exit mobile version